ПРОМОЦИЈА НА РЕНОВИРАН ОБЈЕКТ НА ЕВР Гази Баба

На ден 13.11.2022 година, по покана од Министерството за внатрешни работи, делегацијата од Македонскиот полициски синдикат во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев и Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски беа на промоцијата на реновираниот објект на ЕВР Гази Баба.

Имено ова е 78 објект на МВР кој е реконструиран или саниран од страна на Министерството во периодот од 2017 година до денес.

Почитувани,

Македонскиот полициски синдикат како и досега така и во 2022 година во насока на обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници ќе биде во постојан контакт со раководството на МВР, а се со цел преку конкретни предлози и барања да се иницира постапка за оние објекти во МВР на кои им е потребно реновирање или санацијата.

Со почит

Македонски Полициски Синдикат

д-р Марјан Кицев