ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ 20 ИНТЕРВЕНТНИ ВОЗИЛА

Почитувани,

денес, 11.12.2023 година, по покана од Министерството за внатрешни работи, во Полицискиот центар “Ѓорче Петров”, делегацијата на Македонскиот полициски синдикат во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев и Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски присуствуваа на промоција на новите 20 интервентни возила опремени по сите европски полициски стандарди.

Интервентните возила, согласно потребите ќе бидат распределени по Секторите за внатрешни работи на целата територија на РС Македонија.

Македонскиот полициски синдикат како и досега така и во иднина, во насока на обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници ќе биде во постојан контакт со раководството на МВР, а се со цел преку конкретни предлози и барања да се иницира постапка за набавка и обновување на материјално техничките средства неопходни за успешно извршување на полициските задачи.

Со почит

Македонски Полициски Синдикат

д-р Марјан Кицев