





Почитувани,
денес на ден 08.05.2023 година Претседателот ма МПС, д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС, Зоран Кузманоски и Потпретседателот на МПС, м-р Борче Грујоски зедоа учество на јубилејната 50-та Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ која се одржува од 08-10 Мај 2023 година во Охрид, Република Северна Македонија.
ИНТЕРПОЛ, со својата ексклузивна привилегирана позиција, e клучна организација за обезбедување на глобалната безбедност, со амбициозна визија за побезбеден свет. Затоа МВР го идентификува ИНТЕРПОЛ како сериозен партнер за соработка, размена на информации и обезбедување на синергии меѓу многуте глобални и регионални напори и иницијативи.
Со почит,
Претседател
д-р Марјан Кицев