ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ДО КОНЕЧНИ РЕЗУЛТАТИ!!!

Но, можеби најважниот момент е што секогаш сме во дијалог со репрезентативниот Македонски полициски синдикат, со кој го склучивме најновиот Колективен договор, а во кој се имплементирани решенија кои овозможуваат финансиски ефекти за вработените во МВР, а со тоа и подобрување на социјалниот статус и нивна поголема мотивираност за остварување на високи резултати во работењето. Тука би ги споменал 5 % исплата за домашно дежурство за неуниформирани полициски службеници, исплата на јубилејна награда за 10 години непрекината работа во МВР, исплата на еднократна помош од 100 евра во денарска противвредност за новородено дете за припадничките на МВР, исплата на надоместок за менторство за успешно спроведена менторска програма, како и исплата за надоместок на храна за ноќна работа, за што во 2021 година исплатени се 259 вработени во вкупен износ од 6.149.195 денари.

Изјави во интервју за 24 Инфо Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски!