ПРВ ЕВРОПСКИ ПОЛИЦИСКИ САМИТ

Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар г-н Зоран Кузманоски во деновите 27 и 28 октомври во Мадрид-Шпанија, учествува на Првиот Европски полициски самит во организација на Советот на Европски полициски синдикати. Во работниот дел, Претседателот д-р Кицев учествуваше на состанокот на одборот на CESP на кој беа разгледани повеќе стратешки прашања и усвоени насоки за понатамошниот развој на политиките на организацијата.

На поканата на Советот на Европските полициски синдикати, на настанот учествува и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски, кој имаше презентација на тема “Значењето на соработката помеѓу полицијата и медиумите, во функција на превенција на криминалот”. Покрај неговата презентација, конференцискиот дел на самитот опфати и други презентации поврзани со современите трендови на криминалитетот, улогата на полицијата во демократското општество, работните односи и подобрувањето на статусот на полициските службеници во земјите членки на CESP.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател на МПС

д-р Марјан Кицев