Почитувани

Почитувани,

Претседателката на секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат, м-р Афродита Денковска во периодот од 20 до 21 Јули 2022 година зеде активно учество на

Првата Глобална Женска Лидерска Конференција,,ЈАС СУМ ЖЕНА” која се одржа во МКЦ –Кино Фросина во Скопје.

Целта на оваа конференција беше да ја претстави позицијата на жената во современото македонско општество, предностите и предизвиците со кои се соочуваат Македонките.

Темите кои ги опфаќаше конференцијата беа поделени во четири области и тоа:

• Македонките и Кариерните стереотипи;

• Македонките во Светот;

• Македонките во бизнис и мултимедиа и

• Македонки-Креаторки на Политики.

Конференцијата ,,ЈАС СУМ ЖЕНА” имаше едукативен и вмрежувачки карактер, со зацртана цел да се одржува еднаш годишно. Во периодот од една до друга конференција се планирани работилници со цел да се опфатат сите жени од општествениот и социјалниот живот.Организирана е од 3 млади жени, ентузијасти за унапредување на правата и положбата на жените.

На првиот панел Македонките и Кариерните стереотипи беа претставени 4 учеснички- панелистки кои ги претставуваат Македонските жени кои храбро ги рушат кариерните стереотипи, секојдневно борејќи се со карактеристиките и улогите утврдени и ограничени според нивниот пол.

м-р Афродита Денковска како претседателка на Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат беше прва панелистка која зеде активно учество претставувајќи ги целите и интересите на жените во полицијата. Беа елаборирани и идните чекори на СЖ при МПС во насока на подобрување на положбата на жените во оваа област.

,,Во делот на предизвиците “ беше посочено дека очигледно се зголемува бројот на жени на позиција но сеуште бројката не е на ниво кое жените во полиција го заслужуваат. Доаѓајќи од синдикат кој е репрезентативен, со право да седне на преговарачка маса со работодавачот, заложбата во петгодишниот мандат на овој тим на Секцијата на жени предводен од претседателката ќе се залага што повеќе жени да ги заземат местата кои ги заслужуваат. Преку трибини, работилници и обуки ќе биде овозможено секоја една жена да дојде до израз, бидејќи ние нема од што да се плашиме, знаењето што го имаме е лично наше, тоа никој неможе да ни го одземе. Секцијата на жени при МПС е составена од искусни, едуцирани и жени професионалки докажани во службата. Чест и задоволство беше да се присуствува на оваа конференција, споделените искуства и знаења од секоја една жена се од непроценливо богатство рече м-р Афродита Денковска.

Како единствен репрезентативен синдикат во МВР, АНБ, АР и УФП, Македонскио полициски синдикат ќе продолжи и во иднина да работи посветено како и до сега на полето на родова еднаквост, како во своите редови, така и во редовите на институциите каде што егзистира.

Со почит,

Македонски Полициски Синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев