Почитувани членови

Врз основа на направени анализи и обиколка на сите објекти на МВР во Република Северна Македонија од страна на мешовита комисија на МПС и МВР се изготви стратегија-акционен план, според кој во периодот од 2017 до јули 2022, со целосната или делумната реконструкција на 75 објекти на МВР ширум државата, во сите СВР, за првпат во историјата од МВР се спроведоа мерки за зголемување на енергетската ефикасност, за што од буџетот на МВР беа инвестирани 458.330.439 денари.

Зелената акција која во овие неколку години ја спроведува МВР согласноно акциониот план на МПС и МВР, е токму во насока на приоритети за трансформација на енергетски план и има за цел да ја подигне јавната свест кај институциите, деловните субјекти и граѓаните дека сите можат да придонесат за поголеми заштеди и заедничко менување на енергетскиот профил на државата, но и намалена загаденост на воздухот и зелена околина.

✅Сината униформа дејствува за зелена околина

👇

Следна фаза согласно акциониот план е комплетно менување на застарениот канцелариски мебел во сите објекти на МВР кој со децении го користат нашите колеги.

👇

Исто така во завршна фаза се проектите за климатизирање на сите канцеларии во објектите на МВР и компјутер во секоја канцеларија‼️‼️‼️

✔️ Продолжуваме понатака заедно и сплотено, а се во интерес на нашите членови✊️✊️✊️

Со почит,

Македонски Полициски Синдикат

д-р Марјан Кицев