Почитувани членови

Во врска со настанатиот проблем со здраственото осигурување на вработените во МВР сакаме да ве информираме дека од страна на заедничка комисија од МВР и МПС е направено скенирање на состојбата при што е дојдено до заклучок дека службите во МВР имаат постапено согласно законските прописи на Република Северна Македонија и дека поради технички проблем во Фондот за здраство на Република Северна Македонија е сопрено здравственото осигурување на вработените во МВР. Од страна на МВР од највисоко ниво е реагирало во фондот при што сме известени ние како МПС дека до крајот на работното време денес ќе се надмине проблемот.

За сите колеги кои претрпеа штета од овој настан го ставаме на располагање нашиот адвокатски тим за комуникација со Фондот за здраство на Република Северна Македонија.

Македонскиот полициски синдикат проблемите ги решава на маса и со конкретни мерки, а се во интерес на нашите колеги, а не преку социјалните мрежи како некои други самопрогласени синдикатчиња кои на маката на колегите сакат да профитират и да создаваат паника.

Со почит,

Македонски Полициски Синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев