ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И АТЛЕТСКИОТ КЛУБ “АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ”

Почитувани,

ни преставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека на ден 16.11.2023 година, во просториите на Одмаралиштето на МВР во Охрид, Претседателот на МПС д-р Кицев Марјан официјално го потпиша Меморандумот за соработка со Претседателот на Атлетскиот клуб “АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ” г-дин Даниел Киров.

Ова преставува почеток на официјална искрена и колегијална соработка, меѓусебна стручна соработка и подршка и меѓусебно почитување на секој член на Синдикатот и Атлетскиот клуб.

Исто така МПС и Атлетскиот клуб “АЕРОДРОМ-СКОПЈЕ” меѓусебно ќе си помагаат и ќе се солидаризираат едни со други во случаи кога нивните раководства ќе се договорат за тоа и во рамките на своите можности ќе иницираат прашања и проблеми од заеднички интерес.

Со меморандумот се предвидуваат и активностите на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од заеднички интерес.

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

д-р Марјан Кицев