
Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, сакаме да укажеме дека и ние вработените во безбедносните служби сме нечии синови и ќерки, браќа и сестри, татковци и мајки, дека ги извршуваме нашите задачи согласно позитивните законски прописи.
Нападот кон нас е еднаков на напад кон државата, бидејќи ние ја браниме државата од секаков вид на агресија
Како Македонскиот полициски синдикат, единствен репрезентативен синдикат во МВР, АНБ, АР и УФП, повикуваме на мирни протести и предупредуваме дека цврсто ќе застанеме во одбрана на нашите колеги по институционален пат, доколку на било кој начин им се загрози животот и безбедноста.
Со почит,
Македонски Полициски Синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев