Планинарски марш на падините на планината Водно

Почитувани,

На ден 07.03.2023 година согласно планираните активности на МПС по повод Меѓународниот ден на жената “8 март” , во организација на Комисијата за спорт на МПС се реализираше планинарски марш на падините на планината Водно. На маршот учество земаа членови на МПС од Советите на МПС при БЈБ, МВР, РЦ за ГР Север, Скопје 1, Скопје 2, Скопје 3 и ОЗОЛО.

Во духот на одбележување на борбата за родова еднаквост, овој марш ја праќа следната порака: ПО ИСТИ ПАТЕКИ ДА СТИГНЕМЕ ДО ВРВОТ! 👮‍♂️👮‍♀️👮‍♂️

Согласно програмата на Комисијата за спорт на МПС во следниот период планирани се спортски активности и во останатите Совети на МПС низ државата.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев