ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР

ПИСМЕНА РЕАКЦИЈА ДО ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР ОД

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ ПРИ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

г-ѓа АФРОДИТА ДЕНКОВСКА

Почитувани колеги и колешки!

Како претседателка на Секција на жени при Македонскиот полициски синдикат ми причинува особена чест и задоволство, да Ве информирам дека меѓу повеќето новостекнати права, во новиот Колективен Договор на Министерството за внатрешни работи, дел директно се однесуваат за работничките во нашето Министерство.

Како што веќе забележувате, непречено го користам родовиот речник и терминологија, а кои за прв пат во државата се користат во еден Колективен Договор .

Очекувам истата да биде усвоена и користена не само од членовите и членките на Македонскиот полициски синдикат туку и од сите работници во Министерството за внатрешни работи.

Се стекнавме и со право работничката-мајка доилка да има право на платена пауза во текот на работното време од еден и пол час во кое се засметува и дневната пауза, како и со правото Министерсвото да исплати еднократен паричен надоместок во висина од 100 евра во денарска противвредност на работничка-мајка за секое новородено дете.

Секако, за одбележување се и другите новостекнати права за сите нас, на рамноправна родова основа, помеѓу кои ќе ги потенцирам:

– заштита на работниците кои имаат уште 3 ефективни години до остварувањето на правото на пензија; – јубилејна награда во висина од ½ од просечната месечна плата за непрекинато работење во ефективно траење од 10 години во Министерството;

– доброволните крводарители имаат право на 3 слободни дена;

-домашно дежурство како посебен работен услов и право на додаток на плата од 5% од час;

– право на платено отсуство кога работникот го претставува Министерството или учествува како дел од државна репрезентација на спортски, културни и други манифестации;

– еднократен паричен надоместок за менторство во висина од 150 евра во денарска противредност;

– посебна заштита за ноќна работа со право на соодветна храна или посебен надоместок за трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата;

– за прв пат нашите колешки кои работат со овластување имaат можност на нивно барање да остварат право на пензија со наполнети 38 години на стаж.

Истовремено ги задржавме и сите права од стариот Колективен договор.

Запознавајќи се со истите детално, полесно ги остваруваме истите.

Со почит,

Афродита Денковска

Претседателка на СЖ при МПС