ОТПОЧНАТИ СРЕДБИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ГРУПИ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ

Раководството на МПС ги започна активностите за поголемо покачување на платите во МВР, АР, АНБ и УФП од предвиденото покачување од предвидените 10 %, а по поднесено барање од 29.06.2023 година преку дирекни средби со претставници на пратеничките групи во Собранието на РС Македонија.

Почитувани,

денес, делегација на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски и Претседателот на Секција за млади Бенјамин Керими ја оствари првата работна средба со координаторот на пратеничката група на партијата Алијанса за Албанците, г-дин Атнан Незири.

На средбата од наша страна со факти беше образложено барањето за покачување на платата за најмалку 20 % на вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансова полиција и воедно беше побарана подршка од координаторот на пратеничката група на партијата Алијанса за Албанците со цел нашето барање да се реализира.

Од страна на координаторот Атнан Незири добивме безрезервна подршка и разбирање за нашето барање и ветување дека барањето ќе биде презентирано, поставено и поддржано пред повисоките инстанци.

Во идниот период договорени се работни средби со претставници на останатите парламентарни групи на политичките партии од Собранието на РС Македонија.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев