ОТКРИЕНО СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ВО ЧЕСТ НА ПОГИНАТИОТ БРАНИТЕЛ ИГОР ДРАГАНОВ

Почитувани,

денес, 24.10.2023 година, делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Горан Ристевски Потпретседател на МПС, Еврен Адемовски Пом.Генерален Секретар на МПС и Живко Милошевски Претседател на ОО во РЦ Север присуствуваше на откривање на Спомен обележјето во чест и вечен спомен на загинатиот припадник на македонската полиција Игор Драганов кој го положи својот живот во 2007 година, во вооружена престрелка во близина на с.Танушевци на падините на Скопска Црна Гора извршувајќи ги своите работни задачи.

Никогаш нема да се заборави овој кобен 24 октомври 2007 година, кога Игор Драганов извршувајќи ги своите работни задачи во близина на с.Танушевци го положи својот живот извршувајќи ја својата света должност, чување на безбедноста и сигурноста на македонските граѓани. Ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот за сите идни генерации. Споменот на нашиот херој никогаш да не биде избришан од меморијата на времето. Хероите живеат вечно – нека му е вечна слава!, истакна министерот Спасовски.

НЕКА МУ Е ВЕЧНА СЛАВА НА НАШИОТ ХЕРОЈ ИГОР ДРАГАНОВ

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев