
Почитувани,
На ден 21.07.2023 година на покана на Синдикатот на полицијата на Македонија, во просториите на Конфедерацијата на слободни синдикати се одржа работна средба помеѓу дел од раководството на МПС составена од Генералниот секретар Зоран Кузманоски, Заменик на генералниот секретар Адријан Телкиу и Потпретседателот Горанчо Јовановски и дел од раководството на СПМ составена од Претседателот Орце Коцевски и членот на претседателството на СПМ Кире Ѓоргиевски.
На средбата пред се се потенцираше взаемното почитување помеѓу двата синдиката и борбата за иста цел односно подобрување на условите за работа и подобрување на социо-економскиот статус на вработените во МВР. Беа разменети различни идеи и предлог решенија за проблемите со кои се соочуваат членовите на двата синдиката, со даден акцент за превземање на мерки и активности во иднина за ново зголемување на платите и добивање на уште подобри услови за вработените во МВР.
На крајот двете делегации изразија задоволство од одржаната средба и начинот на разбирање помеѓу двата синдикати, со искрени намери за поинтензивна соработка во иднина со цел вработените во МВР да добијат подобро место во општеството бидејќи вложувањето во полицијата е вложување во самата држава и безбедноста на граѓаните.
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Претседател
д-р Марјан Кицев