ОСТВАРЕНА БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА СО AALEA И ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ НА ДРЖАВАТА ЊУЈОРК ОД СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ

Денес во рамките на својата приватна посета на Соединетите Американски држави, во просториите на New York police department, Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев оствари билатерална средба со раководството на AALEA и со раководството на полицискиот синдикат на државата Њујорк од Соединетите Американски Држави, на чело со г-дин Altin Celoliaj detektiv from Criminal Investigation Bureau, Hadis Sela S.W.A.T and Adem Sela Prosecutor detektiv.

На средбата беше договорено во периодот што претстои да се направат потребните подготовки за потпишување на меморандум за соработка и вклучување на Македонскиот полициски синдикат како почестна членка на полициската унија на синдикати во САД, а се со цел споделување на практики и искуства во насока на подобрување на правата од работен однос и подобрување на социјално-економските услови на членовите на Македонскиот полициски синдикат, како и споделување на практики и искуства од полициското работење на двете страни.

Со почит

Македонски Полициски Синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев