
Делегацијата на Македонскиот Полициски Синдикат составена од Претседателот на МПС и Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски, оствари билатерална средба со Претседателот на полицискиот синдикат на Р. Германија (BDK Bund Deutscher Kriminalbeamter), г-дин Dirk Peglow, на маргините на презентацијата на стратешкиот документ на CESP “Негување на семето на промените” која се одржа во Брисел-Белгија.
На средбата Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Претседателот на Германскиот полициски синдикат BDK Bund Deutscher Kriminalbeamter , г-дин , Dirk Peglow, заклучија дека двата синдикати негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во CESP, се поврзани и со исти вредности по однос на синдикалната борба на полето за остварување на подобри економско социјални права и услови на вработените ќе бидат разгледани на ниво на ЕУ.
Со почит
Македонски Полициски Синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев