ОДРЖАНА ОБУКА НА ДЕЛ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА СОВЕТИТЕ, ОСНОВНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И СЕКЦИИТЕ НА ЖЕНИ, МЛАДИ И ПЕНЗИОНЕРИ

Почитувани,

На ден 22 и 23.06.2023 година во просториите на одмаралиштето на МВР на Пониква, како дел од информативно едукативниот проект на МПС,а согласно програмата за обука на синдикални преставници од Основните организации, Секциите на жени, млади и пензионери се спроведе обука на теми:

1. ,,Медијацијата како можност за решавање на споровите,,

2. ,,Разработка на Правилник за работа на фондот за солидарност на Македонскиот Полициски Синдикат,,

3. ,,Колективен договор на МВР – Разработување на поединечни права стекнати со колективно договарање, Нови измени стекнати права со Колективен договор,,

4. ,,Правилник за финансирање и финансиско работење на Советите и Основните организации на МПС односно појаснување во делот на начинот за финансирање на Советите на МПС, Основните организации, Секциите при МПС, задолжување и раздолжување на финансиските средства,,

– Во делот на темата за Медијација како предавачи учество замаа проф. д-р Златко Николоски-Медијатор и член на Секција на пензионери при МПС и проф. д-р Љупчо Сотировски член на Национален Совет за медијација при Влада на Р.С.Македонија.

– Во делот на обуката за работа по Правилникот за солидарен фонд, обуката ја спроведе Ацо Антовски-Претседател на Секција за пензионери при МПС.

– Во третиот и четвртиот дел од дводневната обука беа разработени и теми поврзани со Правилникот за финансирање и финансиско работење на советите и основните организации при МПС, како и ,,Колективен договор на МВР” – Разработување на поединечни права стекнати со колективно договарање, Нови измени стекнати права со Колективен договор.

За време на обуката сите учесници пројавија интерес за наведените теми особено за првата тема Медијацијата како можност за решавање на споровите, која беше разработена во три часа и преку интерактивна работа со слушателите се забележа посебен интерес за подобро осознавање на Медијацијата како алтернативен начин на решавање на споровите.

Исто така особен интерес слушателите пројавија и за темата ,,Колективен договор на МВР” – Разработување на поединечни права стекнати со колективно договарање, Нови измени стекнати права со Колективен договор.

На обуката учество како слушатели земаа преставници од пет совети на МПС и тоа од: Струмица, Штип, Кочани, Велес, и РЦ ИСТОК, од каде присуство земаа 24 слушатели.

Со почит

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев