






Почитувани,
На ден 29 и 30.06.2023 година во просториите на одмаралиштето на МВР во Крани – Преспа, како дел од информативно едукативниот проект на МПС,а согласно програмата за обука на синдикални преставници од Основните организации, Секциите на жени, млади и пензионери се спроведе втората по ред обука на теми:
1. ,,Медијацијата како можност за решавање на споровите,,
2. ,,Разработка на Правилник за работа на фондот за солидарност на Македонскиот Полициски Синдикат,,
3. ,,Колективен договор на МВР – Разработување на поединечни права стекнати со колективно договарање, Нови измени стекнати права со Колективен договор,,
4. ,,Правилник за финансирање и финансиско работење на Советите и Основните организации на МПС односно појаснување во делот на начинот за финансирање на Советите на МПС, Основните организации, Секциите при МПС, задолжување и раздолжување на финансиските средства,,
– Во делот на темата за Медијација како предавачи учество замаа проф. д-р Златко Николоски-Медијатор и член на Секција на пензионери при МПС, Медијатор м-р Славе Младеновски и Медијатор м-р Дејан Белески-од МО-Сектор за цивилно воена соработка, сите членови на Комора за медијација на РСМакедонија.
– Во делот на обуката за работа по Правилникот за солидарен фонд, обуката ја спроведе Ацо Антовски- Претседател на Секција за пензионери при МПС.
– Во тертиот и четвртиот дел од дводневната обука беа разработени и теми поврзани со Правилникот за финансиско работење на советите и основните организации при МПС, каде како предавач учество зема г-дин Горан Ристевски од МПС. На обуката беше опфатена и темата со ,,Колективен договор на МВР – Разработување на поединечни права стекнати со колективно договарање, Нови измени стекнати права со Колективен договор,,
На обуката учество како слушатели земаа преставници од пет совети на МПС и тоа од: Битола, Прилеп, АР, АНБ, и РЦ за ГР Југ, од каде присуство земаа 23 слушатели.
Со почит
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Претседател
д-р Марјан Кицев