НАГРАДА ЗА РАБОТНА УСПЕШНОСТ ОД 10 % ЗА АНГАЖИРАНИТЕ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО МВР НА ДЕНОТ НА РАЃАЊЕТО НА ВЕЛИКАНОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Почитувани,

Согласно колективниот договор на МВР потпишан помеѓу Министерството за внатрешни работи на РС Македонија и Македонскиот полициски синдикат, согласно членовите 160, 161 и 162, по иницијатива на МПС, министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски го искориси правото што ми го овозможува Колективниот договор на МВР и на денешната седница и предложи на Владата, која експресно го усвои Заклучокот за исплата на додаток за работна успешност од 10% на припадниците на македонската полиција кои беа ангажирани на терен на 4 февруари.

Додатокот како награда за работна успешност од 10 % од основната плата ќе ги опфати сите полициски службеници кои беа ангажирани на ден 04.02.2023 година и се погрижија за достојно чествување на 151 година од раѓањето на великанот Гоце Делчев. Средствата се обезбедени од Буџетот на МВР.

Македонскиот полициски синдикат и во иднина заедно со својот социјален партнер МВР ќе продолжи со активности за подобрување на социјалниот статус на вработените во МВР.

Македонски Полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев