





Почитувани
Денес поповод 7 Мај денот на Македонската полиција од страна на Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски на Претседателот на Македонскиот полициски синдикат кој воедно е и Заменик на Генералниот секретар на Советот на Европски полициски синдикати му беше врачена плакета за личен придонес во промоцијата на Министерството за внатрешни работи на меѓународен план.
Покрај промоцијата на МВР на меѓународен план продолжуваме посветено и домаќински, преку дијалог, да ги подобруваме условите за работа на македонската полиција со што индиректно ќе допринесеме кон подобрување на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Северна Македонија !!!
Со почит,
Претседател
д-р Марјан Кицев