МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР

ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ КОЛЕГИ, ПРИПАДНИЦИ НА ОДДЕЛОТ ЗА ЗАШТИТА НА ОПРЕДЕЛЕНИ ЛИЧНОСТИ И ОБЈЕКТИ

„МАЈА ЛАЗАРОВА ТОДОРОВА“

Почитувани,

денес 17.02.2024 година делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Помошник на Генералниот Секретар Еврен Адемовски и Претседателот на Советот на МПС-ОСПО Блажо Димитиев присуствуваше на МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР

ВО ЧЕСТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ КОЛЕГИ, ПРИПАДНИЦИ НА ОЗОЛО

„МАЈА ЛАЗАРОВА ТОДОРОВА“.

Иницијативата и организацијата на овој меморијален турнир во одбојка од ОЗОЛО,ние како Македонски полициски синдикат целосно ја подржавме и им изразуваме голема благодарност, несебично давајќи им ја нашата подршка и целокупната логистика што им беше потребна.

Идеата и целта за организирање на овој меморијален турнир кој се оддржува втора година по ред очекуваме да прерасне во традиција со која ќе се оддаде огромна почит на сите колеги од Одделот кои прерано починаа, а својот работен век го посветија на ОЗОЛО. Тука припаѓаат искусни полициски службеници кои се истакнале во своето работење и оставиле трага позади себе од која ние денес учиме и ја почитуваме.

Токму затоа меморијалниот турнир го носи името на најмладата почината колешка „Маја Лазарова Тодорова“, а се однесува и на сите други прерано починати колеги.

На настанот свое обраќање имаа Дополнителниот Министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и Началникот на ОЗОЛО Александар Нацевски во присуство на делегацијата на МПС, останати претставници на МВР, преставници на ОЗОЛО, натпреварувачки екипи, претставник од Пивара, гостите присутни во салата и пријатели кои несебично помогнаа во организирањето и спроведувањето на овој значаен настан.

На меморијалниот турнир од 7 натпреварувачки екипи во одбојка, 3 место освои екипата од ИПА, 2 место екипата од Центарот за обука и 1 место ЕБР.

🇲🇰👮‍♂️👮‍♀️СПОМЕНОТ Е ВЕЧНОСТ👮‍♀️👮‍♂️🇲🇰

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев