МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ОД КРИВА ПАЛАНКА

Денеска со полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето на бранителите од Крива Паланка Момир Стојановски, Јане Јакимовски и Горан Стојановски, делегацијата на Македонскиот полициски синдикат

предводена од Потпретседателот на МПС Горанчо Јовановски и членот на Статутарна комисија на МПС Маја Јовановска и Претседателите на ОО на МПС Македонка Илиевска и Дејан Цветковски им оддаде почит на загинатите колеги.

Во чест на бранителите, во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржува и меморијален турнир во мал фудбал во организација на Полициската станица од Крива Паланка и Македонскиот полициски синдикат.

На затварањето на турнирот со својот говор се обрати Потпретседателот Горанчо Јовановски поздравувајќи ги присутните во името на раководството Македонскиот полициски синдикат кој воедно ги додели и пехарите на победниците.

Нашето традиционално присуство овде како преставници на Македонскиот полициски синдикат денес, е најголема потврда дека нашите загинати колеги не се и никогаш нема да бидат заборавени.

Како синдикат паметиме и ќе направиме сѐ што е потребно, генерациите што доаѓаат по нас со достојна почит да се сеќаваат на храброста на припадниците на безбедоносните сили на Република Северна Македонија кои ги положија животите во одбрана на својата татковина..”

СЛАВА ИМ!!

Со почит,

Македонски Полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев