
Почитувани,
на денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, ние Вашите колеги од Македонскиот полициски синдикат Ве потикнуваме да бидете мудри, и моќно да балансирате меѓу кариерата и семејството, притоа никогаш немојте да дозволите да бидете потчинети и потценети во однос на Вашите способности и немојте да дозволите да бидете жртви на психичко и физичко насилство.
На крајот ги охрабруваме сите жени членки на Македонскиот полициски синдикат да преку Секцијата на жени да бидат проактивни во борбата за остварување на нивните специфични права а притоа можат да сметаат на безрезервната поддршката од своите синдикални колеги од Македонскиот полициски синдикат.
Со почит
Македонски полициски синдикат
Претседател
Д-р Марјан Кицев