
Денес Претседателот на МПС, д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС, Зоран Кузманоски на покана од Заменикот на Генералниот секретар на МПС, Адријан Телќиу присуствуваа на традиционална ифтарска вечера со колегите од ОВР Дебар, а во чест на Светиот месец Рамазан.
Радува заедништвото кое овој празник на милоста го поттикнува. Тоа, заедно со нашата определба за меѓусебно почитување и развивање на мултикултурно општество, се олицетворение на суштината на концептот „Едно општество за сите”.
Во духот на братството помеѓу нас, имајќи предвид колку заеднички нешта не’ поврзуваат, на верниците муслимани им посакувам деновите на постот да ги поминат во мир и благосостојба. И, секако, упатуваме посебна благодарност за споделената ифтарска вечера. Нека е за многу години!
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев