Ифтарска вечера со колегите во Приштина Р.Косово

Денес Претседателот на МПС, д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар на МПС, Зоран Кузманоски, Потпретседателот на МПС, Хисмет Синани и Потпретседателот на МПС, Дугаџин Каштањева на покана од Претседателот на Синдикатот на полиција на Косово, Имер Зеќири, присуствуваа на традиционална ифтарска вечера со колегите во Приштина Р.Косово, а во чест на Светиот месец Рамазан.

Радува заедништвото кое овој празник на милоста го поттикнува. Тоа, заедно со нашата определба за меѓусебно почитување и развивање на мултикултурно општество, се олицетворение на суштината на концептот „Едно општество за сите”.

Во духот на братството помеѓу нас, имајќи предвид колку заеднички нешта не’ поврзуваат, на верниците муслимани им посакувам деновите на постот да ги поминат во мир и благосостојба. И, секако, упатуваме посебна благодарност за споделената ифтарска вечера. Нека е за многу години!

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев