ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ НА ПС за ОН АЕРОДРОМ

Почитувани,

денес, на ден 28.07.2023 година делегација на МПС составена од Потпретседателот Борче Грујоски и Претседателот на Совет на МПС-Скопје 1 Драган Саздовски присуствуваа на поставување на камен темелник на локацијата на старата Полициска станица во Аеродром, со што официјално започна изградбата на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром, во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје. На настанот покрај голем дел од раководството на МВР присуствуваа и имаа обраќање Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Новата полициска станица претставува трет објект во низата нови градби на МВР при што планирано е истата да биде изградена во рок од 30 месеци.

Македонскиот полициски синдикат како и досега така и во иднина во соработка со МВР ке работи на подобрување на условите за работа на вработените во МВР.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев