ЗАЕДНИЧКА КАМПАЊА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Денес на ден 25.03.2023 година делегација на МПС во состав Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Зоран Кузманоски и Потпретседателот Борче Грујоски во неколку градови на државата, беше дел од промоцијата на заедничката кампања на Македонскиот полициски синдикат и Министерството за внатрешни работи која ги опфаќа сите Сектори за внатрешни работи, насловена “МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“, со цел доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

На промоцијата на кампањата во Куманово свое обраќање имаа Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев.

Претседателот на МПС, д-р Марјан Кицев во своето обраќање истака дека граѓаните најдобро ги знаат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно во средините каде што живеат.

„Полицајците се нашите херои кои секојдневно покажувате на дело како се сака државата и како се извршува службата што им е доверена. Исправени гордо на браникот на нашата држава ја манифестираат нивната човечност и саможртва, оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочуваат како во минатото така и денес“, рече Марјан Кицев, додавајќи дека многу е важна довербата и почитта што ја имат граѓаните кон полицијата, затоа што без доверба нема комуникација, без двонасочна соработка, полицијата нема да може целосно да ги препознае и лоцира реалните проблеми на граѓаните.

„Да се водиме од светските практики каде граѓаните имаат беспрекорна комуникација со полицијата и ги информираат за секое негативно поведение кое ќе го забележат во околината. Бидејќи ако денес провалникот е кај комшијата, сте го виделе, а сте премолчиле, со што истиот ќе ја избегне правдата, утре охрабрен може да дојде кај вас, во вашиот дом. Затоа заеднички да градиме доверба и почит, бидејќи полиција сме сите ние, само заеднички можеме да придонесеме за посигурна и побезбедна средина во која што живееме“, порача претседателот на Македонскиот полициски синдикат.

Кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“ почнува денеска ќе продолжи во следните четири викенди низ поголем дел од градовите во државата, при што полицијата преку делење едукативен материјал и непосредни разговори со граѓаните од страна на полициски службеници ќе биде одблиску презентирана улогата на полицијата во заедницата.

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев