ЗАВРШИЈА 20’TE СИНДИКАЛНИ ИГРИ И СРЕДБИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Почитувани членови на Македонскиот полициски синдикат!

Годинава јубилејно по 20 – ти пат во периодот од 09 до 11 Септември во Охрид, во сместувачките и спортските капацитети на Одморалиштето на МВР на РСМ, хотелот „ПЕЛА“ и спортскиот комплекс и хотел „Мизо“ се одржаа спортски игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

И оваа година го применивме концептот на организација на Спортските игри и средби на МПС односно на главниот настан му претходеа две групи на разигрувања на кои се натпреваруваа вкупно 23 екипи плус екипа составена од Секциите на Млади, Жени и Пензионери или 366 членови на МПС кои се натпреваруваа во дисциплините пикадо, табла, атлетика, шах, баскет, одбојка и мал фудбал.

Најдобрите, односно прво и второ пласираните од двете разигрувања се пласираа на финалето на 20 – те Спортски игри и средби.

Имено оваа година на 20 – те Спортски игри и средби учествува околу 650 членови, домашни и странски гости на МПС, што е скоро двојно зголемување на бројот на учесници за разлика од изминатите години.

Почитувани,

сакам да напоменам дека актуелното раководство на Македонскиот полициски синдикат работи исклучиво по барањата на своето членство, а едно од таквите барања е отворање на вратите на спортските игри и средби за повеќе членови на Македонскиот полициски синдикат.

Искрено, како раководство се надеваме дека следната година ќе успееме да го зголемиме бројот на натпреварувачи на СИС на МПС, а дружењето да го направиме согласно барања на нашите членови, независно од нивната возраст и пол бидејќи ваквите настани го зголемуваат синдикалниот капацитет и довербата кон Македонскиот полициски синдикат, а се унапредува и комуникацијата помеѓу членовите од целата држава.

20’ти СИС на МПС ги отвори Министерот за Внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски , а на чинот на отворањето покрај претседателот на Советот на Европските полициски синдикати Рикардо Валадас , присуствуваа членови на кабинетите на министерот и директорот на БЈБ, Директорот на АНБ Д-р Виктор Димовски, Директор на УФП Горан Иванов, Делегација на ИПА Македонија и делегации од полициските синдикати на Бугарија, Шпанија, Португалија, Кипар, Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Романија.

Оваа година за прв пат промотивно се организираше дисцилина пливање за мажи и жени на која присуствуваше Претседателот на РС Македонија г-дин Стево Пендаровски кој заедно со Министерот на МВР г-дин Оливер Спасовски и Претседателот на Советот на европски синдикати г-дин Рикардо Валадас ги доделија медаљите на победниците.

На крајот голема благодарност до сите помагатели кои несебично како општествено одговорни компании помогнаа успешно да се спроведат 20’СИС на МПС.

(CKB Банка, Mozzart Обложувалници,Camouflage, Mikei, Кожувчанка, Горска, Тинекс, Жито маркети, Цермат, Станици за технички преглед ПСС, Даути, Ука,Халк Банка,Триглав ОСИГУРУВАЊЕ,

Бучен Козјак, Млекара Смојмирово, Сетек Се од Техника, Техномаркет, Екстра Меин, Алма М, АК -ИНВЕСТ, Колид, Алкалоид, Дуки Дасо,Дијаг Скопје, АвтоМакедонија, Авто ФИЛТЕР, Мебел Ви,Тополка, Месарница Бисер Дироко, Скопска Пивара, Брзанов, Дудин, Тиквеш, Далвина, Гоце Делчев, Бовин,

Спорт Визион, Спорт М, Лени и Марија/Мегаспорт Драчево,Машинокоп и АС Машини Кавадарци, Аес Дизајн , Апидо Кавадарци, Самоил Охрид)

Почитувани членови

Се надеваме дека овие игри и средби ги исполнија очекувањата на најголемиот број присутни и се надеваме дека во следните години ќе организираме уште поголеми и уште подобри синдикални игри и средби.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев