Донација од УО ,,PUB,, од Делчево

Почитувани,

сакаме да Ве известиме дека од страна на сопственикот на УО ,,PUB,, од Делчево, Влатко Величковски, денес, за потребите на ОВР Делчево, на Македонскиот полициски синдикат-Совет Кочани ОО Делчево се донирани два мулти-функционални принтери.

Донацијата ја прими Претседателот на Основна организација на МПС- Делчево, Илчо Доневски, и истата му ја предаде на Началникот на ОВР Делчево, Зоран Багевски, за понатамошна употреба.

УО ,,PUB,, од Делчево со оваа донација се приклучува на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и со нивните донации преку Македонскиот полициски синдикат помагаат за подобрување на условите за работа на вработените во МВР.

Ни преставува особено задоволство што се повеќе компании ги подржуваат активностите на МПС и МВР за подобрување на условите за работа на вработените. Како Македонски полициски синдикат преку нашите органи и тела на месечно ниво издвојуваме значителна сума на средства со кои се набавуваат матријално техничките средства кои ги предаваме на нашите членови и со нив ги подобруваме условите за работа, а со тоа се приклучуваме на активностите на МВР кои досега реновираа 78 објекти.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев