Донација од Дени Шпед

Донација од Дени Шпед од Скопје

Почитувани, сакаме да Ве известиме дека компанијата Дени Шпед од Скопје, денес преку Македонскиот полициски синдикат-Совет Куманово донираа еден телевизор и две фотељи за дежурна служба во ПО Ранковце.

На примопредавањето на донацијата присусуваше Претседателот на Совет на МПС-Куманово Александар Лазаревски кој му ја предаде донацијата на командирот на ПО Ранковце Слободан Стојнев.

Компанијата Дени Шпед од Скопје со оваа донација се приклучува на низата општествено одговорни компании кои несебично и солидарно го прифатија нашиот повик и со нивните донации преку Македонскиот полициски синдикат помагаат за подобрување на условите за работа на вработените во МВР.

Ни преставува особено задоволство што се повеќе компании ги подржуваат активностите на МПС и МВР за подобрување на условите за работа на вработените. Како Македонски полициски синдикат преку нашите органи и тела на месечно ниво издвојуваме значителна сума на средства со кои се набавуваат матријално техничките средства кои ги предаваме на нашите членови и со нив ги подобруваме условите за работа, а со тоа се приклучуваме на активностите на МВР кои досега реновираа 75 објекти.

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

Д-р Марјан Кицев