
На ден 26.08.2022 година делегација на МПС во состав: Претседател на МПС д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар на МПС Зоран Кузманоски присуствуваа на работен состанок со членовите на МПС од Совет на МПС-Тетово (ПО Јегуновце) на кој е разговарано за секојдневното работење како и потребите за кои што МПС може да допринесе со цел да се подобрат условите за работа на ПО.
Воедно од страна на раководството на МПС е обезбеден и дониран еден клима уред за потребите на членовите на МПС од ПО Јегуновце со цел подобрување на работните услови.
Со почит,
Претседател
д-р Марјан Кицев