


Почитувани,
На 04.02.2023 година се навршуваат 151 година од раѓањето на Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев во Кукуш-Егејска Македонија на 4 февруари 1872 година. Гоце Делчев е Македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
Во негова чест делегација на Македонскиот полициски синдикат составена од Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев, Генералниот секретар Зоран Кузманоски и Потпретседателот Горан Ристевски се поклони пред моштите и му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.
Со почит
МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ
Претседател
д-р Марјан Кицев