



Почитувани,
На ден 05.07.2023 година, Помошникот на генералниот секретар Владо Велков и Претседателот на ОО Виница Ангелчо Гошев остварија работни средби со раководствата на Компаниите “МЕБЕЛ ВИ”, “ПАРТНЕР”, “УРБАН АУТО” и “ЛИКЕЈ” од Виница.
На средбите беше разговарано за продлабочување на соработката со МПС и воедно им беа врачени пригодни подароци во знак на благодарност од членовите на Македонскиот полициски синдикат кон компаниите кои како потврдени општествено одговорни компании даваат перманентен и постојан придонес преку донација на свои производи со што несебично ги помага активностите кои ги организира Македонскиот полициски синдикат.
Македонски полициски синдикат Претседател
д-р Марјан Кицев