БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА СИНДИКАТОТ НА ПОЛИЦИЈА НА АВСТРИЈА (VKO)

На ден 23.11.2022 година на маргините на работната посета на Министерството за внатрешни работи на Р.Австрија од страна на претседателот на Македонски полициски синдикат, д-р Марјан Кицев, во просториите на VKO (Синдикат на полиција на Австрија) во Виена, остварена е билатерална средба со раководството на синдикатот на полиција на Австрија во состав Ричард Бенда Претседател и Андреас Јурген Советник на претседателот за меѓународна соработка.

На средбата Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев и Претседателот на VKO Синдикатот на полиција на Австрија г-дин Ричард Бенда заклучија дека двата синдикати негуваат долго и блиско пријателство, без никакви отворени прашања, а како сојузници во CESP, се поврзани и со исти вредности по однос на синдикалната борба на полето за остварување на подобри економско социјални права и услови на вработените ќе бидат разгледани на ниво на ЕУ.

На средбата е договорено во текот на месец Март 2023 година, во Скопје, да се потпише меморандум за соработка помеѓу двата синдикати.

Со почит,

Македонски Полициски Синдикат