Почитувани членови,
После зимскиот сон се разбуди куварот од кујната за дезинформации на едно синдикатче и една ФБ група борец за правата на вработените во МВР која патем е и портал за купи-продај, а спонзорирана од една фашистичка групација но за тоа во некое друго време и на некое друго место!!!!!
Денес откако дознаа дека МПС и МВР преговараат за ново покачување на платата на вработените во МВР од најмалку 10% ги фати таква паника што почнаа да лупат, тропаат и да споделуваат такви дезинформации на кои што не би им поверувало ниту дете од 5 години.
Да почнеме по ред точка по точка од дезинформациите:
1. Нов Закон за работни односи со зголемување на фондот на работни часови во работната недела кој ќе важи за сите вработени задскриен под завесата за коридорот 8.
ЛАГА!!!!
– во новиот ЗРО нема такво нешто. Измените и дополнувањата на ЗРО пак, воведува исклучок и во бројот на работните часови, но за проекти од стратешко национален интерес, утврден со закон. Тоа значи, за да може да се применува исклучокот, некој друг закон, како сега што е Специјалниот закон за коридорот 8 и ќе треба да биде донесен од страна на Собранието.( нема ама баш никаква поврзаност со МВР што значи дека одработувате за некои други центри)
2. Нов Закон за вработените во јавниот сектор во кои се предвидува категорија на службени лица со посебни овластувања да бидат единствено вработените кои имаат овластување да носат оружје, приведуваат и задржуваат лица. Ова значи дека ОСЛ во сегашната форма на вработени кои немаат оружје, ќе го загубат бенифицираниот стаж и 20% зголемување на плата за посебен ризик кои досега ги добиваа.
– ТЕШКА ДЕЗИНФОРМАЦИЈА – информација стара 2 години, некој е застанат со времето!!!!! Имаше обид но во кординирана реакција на МПС и МВР истиот е спречен.
3. Нов Закон за плати во кои ќе израмнат платите по основ на работно место во јавниот сектор. Ова значи дека референт ќе добива исто плата секаде во јавниот сектор безразлика во која инститиција работи.
– Апсолутно неточно, напротив, новиот закон ќе направи разлика помеѓу исто работно место во различни институции и ќе зависи од оптоварувањето на работникот. Ќе ја направи разликата по вредност на работата, како што е принципот : еднаква плата за работа со еднаква вредност.
4. Се носи нов општ колективен договор за јавен сектор во кои за ,,синдикатите” да го добијат својот дел од колачот за да се голтнат сите овие работи се предвидуваат одредби со кои се овозможува синдикатите сами да предвидат колку време членовите нема да може да се отчленат од нивните синдикати (3, 5, 10 години), како и тоа дел од колективните договори да важат единствено за членовите на синдикатите потписници.
– НЕТОЧНО!!!
Истите тие ширачи на дезинформации учествуваат во изготвувањето на Општиот колективен договор за Јавен сектор, а колективните договори да важат единствено за членовите на синдикатите потписници, ДАААА, по примерот на поголем број европски колективни договори ( дискриминирачки е некој да користе право за кое се изборил синдикат каде што не е член) и пристапувањето кон колективниот договор да биде поограничено, но од друга страна, министерот за труд, доколку смета дека се работи за јавен интерес, може да го прошири дејството, по разгледување на ЕСС.
5. Од 08 до 10 Мај на самитот на Интерпол на големо се заговара укинување на бенифицираниот стаж во оваа форма и пензионирање на полицијата со старост од 55 години, а ова повлекува и укинување на одредбата за пресметка на пензија од 10те најдобри години.
– ДЕЗИНФОРМАЦИЈА НА ДЕЦЕНИЈАТА!!!!! Ниту се разговарало ниту ќе се разговара на оваа тема. Единствено на оваа тема помеѓу МВР и МПС се разговараше во 2017 година кога министерот Спасовски започна да го раководи МВР и беше завземен цврст став дека на оваа тема несмее во иднина да се разговара, а не да се прават било какви измени.
ТОЛКУ ЛИ СТЕ ОЧАЈНИ И ВИ Е МАКА ШТО ЌЕ ДОБИЕМЕ НОВО ПОКАЧУВАЊЕ ПА ПРАВЕТЕ ПАНИКА ПОМЕЃУ КОЛЕГИТЕ?
ТРЕБА ДА СЕ РАДУВАТЕ, НАШИОТ УСПЕХ Е УСПЕХ ЗА СИТЕ НЕ ЗА ПОЕДИНЦИ КАКО ШТО ПРАВИТЕ ВИЕ !!!!!
ПОКАЧУВАЊЕТО ШТО ЌЕ СЛЕДУВА ВЕ БОЛИ ДРУГАРЧИЊА, ЗА ТОА Е СЕТА ОВА ПАНИКА И ГАЛАМА!!!!!!
ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ДО ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ!!!
Македонски полициски синдикат
Conseil Européen des Syndicats de Police – CESP
Со почит,
Македонски полициски синдикат
Претседател
д-р Марјан Кицев