ИСТОРИЈАТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Македонскиот Полициски Синдикат е основан 1992 година. Изграден е како единствена синдикална и професионална асоцијација, која во своите редови обединува над 9000 вработени во МВР на РМ, организирани во 19 совети, 64 основни организации, односно 240 подружници. 


Највисок орган на МПС е Конгресот, кој се одржува на 5 години. Меѓу два Конгреса, постојан извршен орган е Претседателството со Извршното биро, а Централниот Совет на МПС е највисок советодавен орган на синдикатот. Во склоп на МПС веќе пет години функционира  секцијата на жени, која ги застапува специфичните интереси на женската популација во МВР, а во тек е формирање секција на млади.  


Актуелниот претседател на МПС, Тихомир Климоски е вработен во Министерството како главен инспектор во Одделот за организиран криминал, со работно искуство од над 27 години. 


МПС е асоцијација која се бори за остварување, унапредување и заштита на економските, професионални и социјални права и правата од работниот однос, како и културните и другите интереси на своето членство.