ПОСЕТА НА ПОВРЕДЕНИОТ КОЛЕГА ОД КИЧЕВО

Почитувани,

Денес, 19.02.2024 година, делегација на МПС составена од Претседателот на Совет на МПС-ОХРИД Јетмир Реџепи заедно со раководството на СВР Охрид и ОВР Кичево го посети колегата член на МПС, УПС Флорим Мустафа од Кичево во болницата Св.Еразмо во Охрид.

Имено колегата Флорим на ден 15.02.2024 година при вршење на службени дејствија при обезбедување на делегација на Магистралниот пат А2 бил удрен од друго возило при што се здобил со тешки телесни повреди.

На повредениот колега од страна на МПС ќе му биде правна помош од страна на адвокатот на МПС за судскиот процес кој следи како и остварување на соодветно обештетување од осигурувањето кое го плаќа МПС месечно за секој свој член.

Македонскиот полициски синдикат на повредениот колега Флорим Мустафа му посака побрзо оздравување и враќање на работните обврски.

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев