ПОСЕТА НА ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ПОЛИЦИСКИОТ КАМП БЕЛИЦА

Почитувани,

Денеска Претседателот на МПС д-р Марјан Кицев како дел од делегацијата на МВР предводена од Министерот Оливер Спасовски, Државната секретарка м-р Магдалена Несторовски, директорот на БЈБ д-р Саше Тасевски и дел од раководството на МВР, беше во посета на Полицискиот камп Белица, каде што во тек е дрил-тест како една фаза од селективниот процес на кандидати за пополнување на составот на двете елитни специјални единици при Одделот за специјални полициски операции во рамки на Бирото за јавна безбедност при МВР. Поточно, дрил-тестот во времетраење од 21 ден завршува за кандидатите за Единицата за брзо распоредување, а започнува за кандидатите за Специјалната антитерористичка единица Тигар.

Почитувани кандидати,

Ви честитам што се пријавивте за приклучување во елитните единици на МВР кои се стожер на државата и на безбедноста. Престиж е да се биде дел од САЕ Тигар и ЕБР.

На кандидатите од ЕБР кои го поминаа дрил-тестот им четитам и посакувам да продолжат со иста таква посветеност и ентузијазам да ја завршат до крај обуката.

На кандидатите за САЕ Тигар им посакувам успешен старт – истакна министерот Спасовски.

Раководството на МПС е секогаш тука со вас и со сите вработени во МВР да се бори за создавање на уште подобри услови за работа и уште подобри права од работен однос за нашите колеги и колешки – истакна Претседателот на МПС Кицев.

Продолжуваме понатаму ,, ПРЕКУ ДИЈАЛОГ ДО КОНЕЧНИ РЕШЕНИЈА,,

10% повисоки плати за сите вработени во МВР, АНБ, АР и УФП од 01.10.2023 година.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев