Триглав Осигурување

Почитувани членови
Како што досега бевте запознаени Македонскиот полициски синдикат во интерес на заштита на своите членови пред две години донесе Одлука да во Осигурителната компанија Триглав АД Осигурување ги осигура своите членови со Триглав колективното осигурување од незгода.
Сакаме да Ве известиме дека новото раководство на Македонскиот полициски синдикат согледувајќи ги опасностите кои ги носи пандемија од COVID-19 се со цел поголема заштита на своите членови донесе Одлука да ја зголеми претплатата која МПС ја плаќа секој месец на име осигурување на секој свој член за околу 50% а со тоа автоматски да се зголемат осигурените суми за околу 50% од предходната полиса исто така во Осигурителната компанија Триглав АД Осигурување
Со оваа нова полиса членовите се осигурени и во случај на несакан крај од COVID-19 за осигурени ризици и тоа:
✅смрт од болест 125.250,00 денари;
✅смрт – несреќа 250.500,00 денари;
✅Инвалидитет 501.000,00 денари;
✅Трошоци за лекување при несреќа
18.750,00 денари и
✅Болнички ден 75,00 денари.
Воедно, ги известуваме сите членови дека можат да ги осигураат членовите на своето семејство со истите услови и важност во врска со CORONA вирусот👍‼️
Минимална месечна премија 100,00 денари за осигурени ризици и тоа:
📌смрт од болест 167.000,00 денари;
📌Смрт – несреќа 334.000,00 денари;
📌Инвалидитет 668.000,00 денари
📌Трошоци за лекување при несреќа 25.000,00 и
📌Болнички ден 100,00 денари.
Постои можност месечната премија да биде 200,00 300,00 500,00 денари со што осигурените суми се зголмуваат правопропорционално.
✅Максимално сме мотивирани💪✊
✅Одиме напред‼️
✅Без компромис‼️
📌Затоа што знаеме и можеме👮‍♂️
📌Затоа што сакаме и умееме👮‍♀️
📌СЕКОГАШ ВО ЗАШТИТА НА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ👮‍♀️👮‍♂️
Ваш 🇲🇰МАКЕДОНСКИ🇲🇰
👮‍♂️ПОЛИЦИСКИ👮‍♀️
💪СИНДИКАТ✊
Колективно осигурување

Погледни
Зачувај

Барање за дополнително осигурување за членови на семејство

Погледни
Зачувај

БАРАЊЕ за зголемување на сумата за осигурување во Триглав Осигурување АД, Скопје

Погледни
Зачувај