СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ПО ПОВОД 54 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕ НА ОДДЕЛОТ ЗА ВОЗДУХОПЛОВНИ ЕДИНИЦИ ПРИ МВР

Почитувани,

денес, (27.11.2023 година) делегација на МПС во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев и Генерален секретар Зоран Кузманоски присуствуваше на Свечена церемонија по повод 54 години од формирањето на Одделот за воздухопловни единици при МВР во седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово.

Во текот на изминатите години Одделот за воздухопловни единици прерасна во важен високо оперативен елемент што ги опслужува сите функционални единки и служби во Министерството за внатрешни работи. Исто така тесно соработува со низа државни институции при што припадниците на Хеликоптерските единици за полициски и за посебни намени секогаш се во првите редови на системското спротивставување, заштита и превенција од пожари и професионално и посветено реализираа заеднички спасувачки мисии во координација со другите полициски служби, најчесто со Одделот за специјални полициски операции – Специјалната антитерористичка единица Тигар и Единицата за брзо распоредување.

Почитувани бидете ГОРДИ, што ја имате честа да бидете припадници Одделот за воздухопловни единици при МВР која била,е, и ќе продолжи да биде гарант на безбедноста и сигурноста на нашата државата и нејзините граѓани.

🇲🇰🇲🇰🇲🇰НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ОДДЕЛОТ ЗА ВОЗДУХОПЛОВНИ ЕДИНИЦИ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател

д-р Марјан Кицев