ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОБУКА НА МВР ВО ИДРИЗОВО

Почитувани,

денеска, 30.09.2023 година, делегација на Македонскиот полициски синдикат во состав Претседател на МПС д-р Марјан Кицев, Генерален секретар на МПС Зоран Кузманоски и Претседател на совет на МПС-ОЗОЛО заедно со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Директорот на БЈБ Сашо Тасевски и Заменик директор на БЈБ Арбен Јашари го посетија Центарот за обука на МВР во Идризово, каде што во тек е процесот на селекција на кандидати за 12-месечна основна обука за полициски службеници, во генерацијата 2023-2024 за кој Министерството за внатрешни работи имаше распишано јавен оглас за прием на 600 извршители на работно место полицаец за работа во МВР, објавен на 10.08.2023 година.

Македонскиот полициски синдикат на кандидатите им посакува среќа и успех во процесот на селекција, да бидат избрани најдобрите, а на тие што ќе отпаднат им посакуваме никогаш да не се откажуваат во реализирање на желбата и зацртаната цел да се биде дел од полициските редови, бидејки полицискиот позив претставува чест и гордост.

Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

Претседател

д-р Марјан Кицев