Правна помош – адвокат

Почитувани членови!

Македонскиот полициски синдикат Ве потсетува дека преку претставниците на своите органи и тела, секогаш Ви стои на располагање во случај на потреба од правна помош за сите ситуации од областа на работниот однос во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција и тоа било како консултација или како застапување во дисциплинските и материјалните постапки кои евентуално би се воделе против Вас од страна на работодавачот. Ве поттикнуваме што почесто да го користите синдикалното искуство на нашите претставници, кои се едуцирани за тоа и се должни во рамките на своите знаења и можности да Ви помогнат без никаков исклучок. Доколку истите не се во можност да Ви понудат соодветна правна помош, должни се Вашата правна помош да ја обезбедат преку повисоките претставници на органите и телата на МПС или преку професионалните адвокатски канцеларии со која МПС има склучено договори и меморандуми за соработка.

 

Имено, Македонскиот полициски синдикат има склучено договор за соработка и застапување на синдикатот како правно лице и неговите членови при повреди на правата од работен однос со Адвокатската канцеларија „КАДИЕВ“ со седиште во Скопје. Секој наш член кој има потреба од бесплатна правна помош која се однесува исклучиво на спорови кои произлегуваат од работниот однос во МВР на РМ, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција може да се обрати до својот синдикален повереник во својата подружница или основна организација, кој пак е должен веднаш да го информира претседателот на советот каде припаѓа. Со цел финално договарање на добивањето на бесплатната правната помош или застапувањето, претседателот на соодветниот совет веднаш прави консултација со Генералниот секретар на МПС, кој е задолжен за комуникација со адвокатската канцеларија, при што се договараат времето, местото и начинот на контактот со адвокат од ангажираната адвокатска канцеларија. Би истакнале дека правната помош или застапувањето од адвокатската канцеларија исклучиво за спорови од работен однос е бесплатно, но нашиот член има обврска да ги подмири од свои лични средства судските трошоци како: поднесување тужба, вештачење и слично.

 

Во насока на унапредување на правната заштита на членството, односно приближување на правната помош до секој член,
ве информираме дека Македонскиот полициски синдикат има склучено меморандуми за соработка со други адвокатски канцеларии низ земјата, со што се проширува мрежата на адвокати кои што ќе даваат правна заштита на членовите. Барателите на правната помош услугите од адвокатите со кои Македонскиот полициски синдикат има потпишано меморандуми за соработка можат да ги добијат на начин што треба да се обратат до своите синдикални повереници во подружниците односно основните организации, кои пак се должни преку претседателите на советите во чии состав припаѓаат да ги договорат конкретните термини за контакти и средби со адвокатите. За конкретните услуги и модалитети за пружање на правна помош утврдени во меморандумите за соработка, членовите на Македонскиот полициски синдикат ќе бидат информирани директно на средбите со адвокатите.

 

Со цел успешно реализирање на овие можности за добивање на правна помош и застапување, Ве молиме да се почитуваат горенаведените протоколи како не би доаѓало до несоодветна комуникација, а со тоа и одложување на можностите за користење на овие услуги за нашите членови.

Со почит!

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ


Адвокатски канцеларии со кои МПС има склучено договори за добивање на правна помош:

– Адвокатска канцеларија “Кадиев”, ул: “Даме Груев” бр:7/5-3, Скопје, тел: 02/3165-008


Адвокатски канцеларии со кои МПС има склучено меморандуми за соработка за добивање на правна помош:

– Адвокат Христијан Спировски, бул:„Туристичка“ бр:56А, Охрид
– Адвокат Васил Арабаџиев, ул:„Плоштад Маршал Тито“ бр:4, Струмица
– Адвокат Александар Србиноски, ул:„Димитар Влахов“ бр:6 – сутерен, Охрид
– Адвокат Елена Младеновска, ул:„1737“ бр:32, Скопје
– Адвокат Александар Симјаноски, ул:„Струшка“ бр:25/1, Тетово;
– Адвокатскo друштво „Веритас“, ул: „11-Март“ бр:11, Битола, тел: 047/612-220
– Адвокат Марјан Дончевски, ул:„Ленинова“ бр.17, Струмица
– Адвокат Тони Ристески, ул:„Републиканска“ бр.54, Прилеп
– Адвокат Милица Коцева и Адвокат Билјана Ташева, ул:„4 – ти Јули“ бр.3 – а, Кавадарци
– Адвокатско друштво „Китановски“, ул:„Аминта Трети“ бр.4/2, Скопје
– Адвокатско друштво „Стојановска – Димитровски“, ул:„Свети Јоаким Осоговски“ бр.171, Крива Паланака