ДА СЕ ПОТСЕТИМЕ…ВО ЧЕСТ НА ЦОКИ СТОЈАНОВСКИ !!

Одбележана годишнина од загинувањето на полицаецот Цоки Стојановски во 2001 година

Почитувани денес во Тетово  со положување цвеќе на спомен бистата на загинатиот  полицаец Цоки Стојановски, семејството и колегите полициски службеници од СВР Тетово и членови на Македонскиот полициски синдикат  му  оддададоа должна  почит на загинатиот бранител со што одбележаа 19 години од неговото загинување во оружениот конлифкт во 2001.

Годинава поради состојбата со короанавирусот не се одржа традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал “ЦОКИ СТОЈАНОВСКИ” кој години наназад е во организација на Македонскиот полициски сидикат во чест на загинатиот бранител од Тетово Цоки Стојановски.

 

“Денес после 19 години од настанот повторно се собравме на спомен обележјето во полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата да му оддадеме почит на нашиот прерано загинат колега кој во 2001 година го положи својот живот на браникот на татковината. Тука сме заедно со семејството, да го одбележиме овој настан” – истакна во своето обраќање преставникот на Македонскиот полициски синдикат Славчо Здравковски,кој воедно е  главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Тетово

Ние како Македонски Полициски Синдикат цврсто Ве уверуваме дека и во иднина ќе придонесуваме делата на бранителите, кои ги дадоа животите за одбрана на татковината никогаш да не се заборават, а споменот за нив никогаш да не згасне

СЛАВА ИМ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *