Потпишан договор со АД ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА

Почитувани денес во Дебар, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев и сопственикот на АД ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА г-дин Меџит Цапа потпишаа Договор за меѓусебна соработка.

Согласно предметниот договор членовите на Македонскиот полициски синдикат ќе можат да ги користат услугите на Дебарските Бањи Цапа www.facebook.com/DebarskiBanji (Бањишт Хотел & СПА и комплекс Бања Косоврасти) под следните цени и услови:

Цена на ден по лице за сместување во двокреветна или трокреветна соба изнесува 1 550 денари по лице на ден.

Во цената e вклучeно:

Сместувањето со полн пансион (доручек, ручек и вечера)
Лекарски преглед
Сите третмани означени од лекарот освен масажа
Користење на СПА центарот
Влез во АкваСпарк за лицата сместени во Бања Косоврасти.

Можност за плаќање до 10 рати без камата.

Минимум престој од 2 дена.

За сместување во еднокреветна соба треба доплата +50%

Сместувањето на деца до 6 години е бесплатно

Сместувањето на деца од 6 до 12 години се наплаќа 900 ден на ден.

За подетални информации на тел 075 479 023, www.mps.mk, www.facebook.com/DebarskiBanji/photos/?ref=page_internal

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *