ДАЛИ СВЕТНА ЦРВЕНИОТ АЛАРМ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ДАЛИ СВЕТНА ЦРВЕНИОТ АЛАРМ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

Црвениот аларм светна откако заразата се појави кај неколку припадници на Единицата за брзо прераспоредување кои по извршените тестови се позитивни на тестот за Корона вирус COVID-19.

Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат, го повикува Mинистерот за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев веднаш да превземе засилени мерки и активности во насока на заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со Корона вирусот.

Почитуван Министер,

Од Ваша страна по итно бараме да бидат превземени минимум следните мерки и активности: -преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа;

– пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила;

– да се врши вонредна дезинфекција на сите простории во кои престојуваат и работат колегите.

Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција бидејќи полициските службеници како никогаш до сега им се потребни на граѓаните на Република Северна Македонија.

Исто така се обраќаме и до сите наши колеги максимално да се придружуваат до мерките за заштита од Корона вирус COVID-19. Како единствен репрезентативен синдикат Ви даваме целосна подршка на сите Вас колеги кои деноноќно сте на терен и гордо покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите.

Како синдикат прашуваме ???

Дали Полициските службеници ќе добијат исто така награда за нивниот вложен труд и рамо до рамо со медицинските лица несебично вложуваат натчовечки напори да ја одржит ситуацијата со ширењето на заразата со корона вирусот под контрола? Дали и овој пат ќе дозволиме истите да бидат оставени на маргините?

Од тие причини, на крајот уште еднаш го повикуваме Министерот, следејќи го примерот со најавеното покачување на платата на најизложените здравствени работници во борбата против Ковид-19 за 20 % за месеците Март и Април да ја покачи платата и на полициските службеници.

Со почит,

Македонски полициски синдикат

П р е т с е д а т е л

Д-р Марјан Кицев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *