НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ ЖРТВА НА МОБИНГ!

НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ ЖРТВА НА МОБИНГ!

„Во модерниот свет работното место е единственото бојно поле каде што луѓето можат да се “убиваат“ едни со други без ризикот да бидат изведени
пред лицето на правдата„ Хајнц Лајман;

Секцијата на жени при МПС во рамките на своите програмски определби, цели и задачи во изминативе години реализираше бројни синдикални
активности во насока на надградба на капацитетите, едукација на
членките, поттикнување на поголема иновативност и креативност, охрабрување и јакнење на жената членка во МПС и во МВР.
Со поддршка на мисијата на ОБСЕ реализираше 7 (седум) работилници на
тема: „Директна дискриминација, родово – базирана дискриминација, вознемирување и мобинг“ опфат на 210 членки на МПС; Отпечатени Флаери и Бележници двојазично (македонски-албански)
насловени: “Заштити си го здравјето, Не дозволувајте да бидете жртва на Мобинг“; Преку Проектот за јакнење на родовата еднаквост на членовите на МПС вработени во МВР, во партнерство со мисијата на ОБСЕ спроведе Менторска програма. наменета за жените вработени во МВР(членки на МПС). Во дваа циклуса 2017/2018 година Обучени вкупно: 50 менторки и 75 менторини + 7 обучени обучувачки за Менторската програма.
Со поддршка на “Македонското здружение на млади правници-Скопје“ реализираше 6 (шест) едукативни работилници на тема: “Правна заштита од дискриминација и мобинг“ во различни Совети на МПС, или вкупно едуцирани околу 200 членови на МПС.
Преку самостојни проектни активности „Јакнење на капацитетите на членките на СЖ при МПС„ едукација за родовите аспекти и женскиот активизам, синдикализам и законска регулатива, реализиран во повеќе градови – опфатени околу 200 членови на МПС. и “ МОБИНГ и Вознемирување на работното место“ – едукација за заштита од сексуално вознемирување, дискриминација и повеќекратна дискриминација, вознемирување на рботбното место-Мобинг“ реализирани во повеќе градови- опфатени околу 180 членови на МПС.
Продолжуваме и понатаму родово да ги едуцираме и охрабруваме нашите членови, да ги зајакнуваме капацитетите на СЖ при МПС ..

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *