СЕКЦИЈА НА ЖЕНИ ПРИ МПС И ОБСЕ СО ЗАВРШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА МЕНТОРКИ И МЕНТОРИНИ!!

СЕКЦИЈА НА ЖЕНИ ПРИ МПС И ОБСЕ СО ЗАВРШНА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА МЕНТОРКИ И МЕНТОРИНИ!!

Со денешната евалуација во хотел “Александар Палас” во Скопје, успешно заврши програмата менторки и менторини која Секцијата на жени при Македонскиот Полициски Синдикат со поддршка на мисијата на ОБСЕ во Скопје ја спроведува во изминатите две години.

На оваа завршна сесија свое присуство имаше шефот на Одделот за развој на полицијата во мисијата на ОБСЕ со полициски советници а беа споделени искуства од страна на Ментор -Менторина од Менторската програма за жени на ОБСЕ прикажана лично од заменик амбададорот на ОБСЕ и пол.советник.

Во програмата во двата циклуси беа обучени 50 менторки, 60 менторини и 7 обучени обучувачки за менторинг програмата од редод на жени вработени во МВР членки на Македонски полициски синдикат.

На работилницата свое обраќање имаа Помошниците на Генерален секретар на МПС, Киро Трајковски и Зоран Кузманоски.

Целна на овој проект е да се овозможи создавање на концепт на меѓусебна подршка на жените во МВР, преку споделување на знаења и искуства,јакнење на солидарност,промоција на добри примери,вмрежување и јакнење на жените вработени во МВР – членки на Македонски полициски синдикат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *