ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИСКА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА “7’ми МАЈ”

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА МЕЃУСЕБНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ И МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИСКА СПОРТСКА ФЕДЕРАЦИЈА “7’ми МАЈ”

Почитувани,
ни преставува особено задоволство да Ве информираме дека денес во Скопје,пред почетокот на седницата на Централниот совет на МПС, Претседателот на Македонскиот полициски синдикат г-дин Златко Цветковски официјално го потпиша Меморандумот за меѓусебна соработка со неговиот колега,Претседателот на Македонската полициска спортска федерација “7Мај” , г-дин Промислав Димовски.

Ова преставува почеток на официјална соработка од која очекувањата взаемно се големи,особено на полето на организирано заедничко делување во делот на планирање и организирање на спортски активности и настани со кој ќе се јакне спортскиот дух кај вработените во МВР.

Со меморандумот се предвидуваат и активностите на полето за аплицирање на проекти за добивање средства за спроведување на активности пред соодветни институции и фондации кога тоа е од заеднички интерес , како и давање на секаков вид на меѓусебна помош и подршка.

Со цел запознавање со при потпишувањето на Меморандумот погледнете ги сликите во продолжение:



Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *