ДОДЕЛЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА ПОКРОВИТЕЛИТЕ НА 16’ти СИС НА МПС

ИЗВРШНОТО БИРО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ НА ТЕРЕН МЕЃУ КОЛЕГИТЕ

Почитувани,денес Претседателот и Генералниот секретар на МПС посетија дел од покровителите на 16’Синдикални игри и средби на членовите на Македонскиот Полициски Синдикат.

„Се заблагодарувам за оваа традиционална подршка која ја дава Кожувчанка, од мое лично име и од името на 8300 членови на МПС”
истакна Претседателот на Македонскиот Полициски Синдикат, г-дин Златко Цветковски,при посетата на Генералниот покровител на игрите,”Кожувчанка”.Од страна на делегацијата на МПС за Генералниот спонзор беше доделена Благодарница како и Плакета.

При средбите со останатите покровители (Лукас,Симпекс, Пелистерка,Цермат,Оптика и Лозар) на кои исто така им беа врачени Благодарници,од страна на нивните менаџменти беше истакнато,дека тие се расположени и понатаму да излегуваaт во пресрет на барањата и потребите на МПС и секогаш ќе нудат помош во насока на организирање на идни вакви манифестации, во рамки на своите можностити.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *